Барди сѐ уште не се рехабилитираше од повредата на задниот бутен мускул, која ја заработи на последниот меч против Романија, а селекторот на Македонија, Благоја Милевски нема да повика замена за фудбалерот на Леванте.
Македонската репрезентација синоќа го имаше првиот собир во хотелот „Хилтон“, а првиот тренинг на фудблаерите е закажан денеска од 16 часот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“.