Невиден хаос се случи на фудбалски натпревар во Бразил. Фудбалерите на Сантош го совладаа големиот ривал Коринтијанс со 1-0 во осминафиналето на националниот Куп, но во самиот финиш се случија нереди поради навивачите, кога еден од нив втрча на теренот за да го тепа голманот.
Голманот на Сантош беше нападнат со петарди, а потоа еден навивач сакаше да го удри со нога во грб, но за среќа беше спречен од обезбедувањето.
Поради инцидентите на трибините, полицијата уапси осум навивачи.