Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им оддаде почит на починатите фудбалски легенди, меѓу кои и Синиша Михајловиќ.
Инфантино и се обрати на јавноста за време на доделувањето на наградите на ФИФА за претходната година. Во своето обраќање, покрај Михајловиќ, ги спомена и Џанлука Вијали и Пеле.
„Фудбалот е радост, фудбалот е среќа, но во годината што штотуку заврши имаше и тажни моменти. Ги загубивме Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали, кои ги паметиме по нивната насмевка и храброст. А потоа Кралот Пеле. Пеле е фудбалот, многу ни недостига, но тој е вечен и секогаш со нас“, изјави Инфантино.
Наградата која предизвикува најмногу внимание беше наградата за најдобар светски фудбалер, која му припадна на Лионел Меси.
По Аргентинецот следеа Килијан Мбапе и Карим Бензема, а во гласањето учествуваат селекторите и капитените на сите репрезентации, како и по еден новинар од секоја земја.