Кога се работи за тинејџери кои играат на големата европска сцена, секогаш прва на памет доаѓа Барселона. Традиционално најдобрите таленти од познатата школа Ла Масија добиваат шанса во првиот тим. Оние кои ќе се истакнат бележат и солидна минутажа дури и пред да станат полнолетни.

Интересна е приказната и со тинејџерот Пау Кубарси кој има 17 години и е втора година во средно училиште. Младото момче го објасни начинот на кој функционира.

„Во моментов сум втора година во средно училиште. Наутро тренирам со тимот, а потоа одам на училиште од три попладне до осум навечер.

Ако играме натпревар во Лигата на шампионите и морам да патувам, не сум во можност да одам на училиште. Следниот ден земам забелешки од соучениците за да видам што сум пропуштил“, изјави младиот ас на Барселона.

Не е само Кубарси во оваа ситуација, во првиот тим на Барселона има многу млади момчиња, а најдобри настапи има Ламин Јамал кој во јули наполни 17 години и е стандарден во првиот тим на Барса како и во најдобрата шпанска репрезентација.