Поранешниот бразилски репрезентативец Ричарлисон потврди дека е бисексуалец. “Цел живот ме прашуваа дали сум геј. Спиев со мажи и жени, бисексуалец сум. Нормален сум, имам желби и потреби. Се забавував со мажи и жени, а сега што“, рече Ричарлисон.
“Сакам да знам дали навистина се случуваат промени во општеството. Бразил е земја во која се убиваат хомосексуалци”, додаде Ричарлисон, кој одигра два пријателски натпревари за Бразил во 2008 година против Шведска и Ирска, додека својата клупска кариера ја мина во бразилските клубови.
Додека бил во Палмеирас, тренерот Хозе Сирило Јуниор во 2007 година јавно изјавил дека Ричарлисон е геј, поради што се плашел од реакции на јавноста па ниту потврдил а и не демантирал. „Секогаш бев јас. Сакав да покажам дека ќе го живеам својот живот без разлика што зборуваат луѓето“, нагласи тој, додавајќи дека за тоа разговарал со мајка си, додека таткото и братот допрва ќе дознаат.