Екипата на РБ Лајпциг ја постигна и третата победа по ред во Бундеслигата, откако славеше со убедливи 5-1 на гостувањето кај Келн.
Чави Симонс погоди за водство од 1-0 во 15. минута, а само три минути подоцна Адамјан беше стрелец за 1-1.
„Биковите“ постигнаа уште четири гола во вториот дел, и тоа два преку Опенда, а по еден постигнаа Поулсен и Хаидара.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата за резерви на Лајпциг.
Со оваа победа Лајпциг барем привремено ќе биде четвртопласиран со 49 бодови, два бода повеќе од Борусија Дортмунд кој викендов игра против Ајнтрахт Франкфурт.