Не требаше многу за 18-годишниот Гаранг Куол да стане херојот на Австралија откако во 97. минута пропушти огромна шанса за 2-2, но сепак пред него е светла иднина.
На 18 години и 79 дена, Гаранг Куол е најмладиот играч после Пеле кој настапил во нокаут фаза на едно Светско првенство.
Дека неговиот повик за Австралија не е случаен, говори фактот дека тој има пред-договор со Њукасл за трансфер во јануари.
Њукасл на крајот од септември потврди дека има потпишано со Куол и тој од 1 јануари 2023 треба да биде нивни играч.