Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски не успеа да ѝ помогне на АЕК Ларнака, која по изведување на пенали испадна од Митјиланд (3-4) од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ).

Тричковски ги одигра регуларните 90 минути од натпреварот, меѓутоа беше заменет на почетокот на првото продолжение, по што неговата екипа беше полоша при ударите од белата точка.

АЕК Ларнака ќе го продолжи натпреварувањето во третото квалификациско коло од Лига Европа.