Хрватската ватерполо репрезентација против Германија ја забележа првата победа на Светското првенство.

Во второто коло од групата Б, Хрватска ги победи Германците со 13:9 (4:1,4:1, 2:2, 3:5), откако во првото коло ремизираше со Грција (8:8).

Хрватска очекувано одигра добар натпревар против Германија и ја забележа првата победа на овој Мундијал. Сепак, не беа сите четвртини квалитетни, првото полувреме беше многу добро, ниту третиот не беше лош, но последните осум минути го налутија селектотот Ивица Туцак.

Започна одлично Хрватска и ја презеде играта од самиот почеток, па во 17. секунда Јосип Врлиќ ги доведе во водство .

Со секоја измината минута стануваше се појасно дека Хрватска е поквалитетна па на крајот од првото полувреме имаше огромни 8:1.

Во третата делница Германците ја прекинаа огромната хрватска предност и спречија создавање на уште поголема разлика. Сепак, во пресрет на последната делница, Хрватска имаше многу високи 10:4.

Оваа голема предност малку ја заспа хрватската репрезентација, дозволувајќи и на Германија серија од 3-0 на отворањето на последната четвртина. Лутиот Ивица Туцак потоа повика минута одмор, ги разбуди играчите и до крајот на натпреварот Хрватска сепак го контролираше натпреварот.

Иван Крапиќ и Андрија Башиќ постигнаа по три гола во хрватските редови, а Лукас Куперс три гола за Германија.

Во исто време Шпанија стигна до 2/2 во групата Ц и со тоа обезбеди пласман во нокаут фазата и речиси сигурно директно ќе се пласира во четвртфиналето.

Шпанците убедливо ја победија Јужна Африка со 28:2 (7:1, 7:0, 6:1, 8:0).

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore