Хрватскиот капитен Лука Модриќ уште еднаш ја полуде Европа со одлична игра и одличен гол со левата нога, по што го опиша голот за клупската ТВ .
Одличниот гол на Лука Модриќ со левата нога на мечот против Реал Сосиедад ги полуде Шпанија и навивачите на Реал, а самиот хрватски играч за врска го опиша голот во кратко видео за официјалниот клубски канал на Јутјуб:
„Не знам, само шутираш кон голот и таа влегува. Јас дриблав кон внатре, шутнав со левата нога и таа влезе. Многу добро!“
Запрашан каде научил да шутира толку добро со левата нога, Модриќ рече:
Ја чувам во плакарот, но не ја користам многу“, рече на шега Модриќ и продолжи: „Многу е важно секогаш да ги користите двете нозе“, заклучи хрватскиот ас.