Конечниот резултат е 5-9, победи Млада Болеслав, а ова е првпат во историјата на чешкото првенство, на еден натпревар да бидат постигнати повеќе од 10 гола. Млада Болеслав стана само втората екипа во елитната дивизија на оваа земја која постигнала девет гола на еден дуел, по Спарта Прага во 1995 година (9-1 против Словачка Славија).
Интересно е тоа што во второто полувреме беа постигнати 11 од овие 14 гола откако по првите 45 минути, резултатот беше 2-1 за домашниот тим. Злин очигледно е во тешка криза бидејќи во последните пет недели прими 21 од вкупно 34 гола. На 17 септември загуби на домашен терен од Викторија Плзен со 1-7, а потоа и од Острава на гости со 1-5.