Ислам Махачев е старо-нов шампион во лесна категорија, откако во мечот на УФЦ 294 беше подобар од борачот со македонско потекло Александар Волкановски.
Дуелот траеше многу кратко, нешто повеќе од две минути затоа што Махачев изведе ѕверски удар во главата на Волкановски и го нокаутира. Судијата веднаш стапи на сцена по тој удар и го прогласи Махачев за победник.
Настанот се одржа во Абу Даби во рамки на УФЦ 294, а за него постоеше голем интерес од јавноста во „Етихад Арена“.
Русинот Махачев мечот го одбележа со еден силен удар во главата на Австралиецот со македонско потекло.
По натпреварот Махачев беше краток. Кажа дека нема да слави и даде поддршка за Палестина во војната која се води со Израел.
„Прво, без разлика дали победувам или губам, секогаш – алхамдулилах. Второ, нема да ја славам денешната победа затоа што има луди работи во светот. Палестина, со тебе сум! Прекинете го ова, прекинете го ова!“, кажа Махачев по победата.
Махачев има 13 победи по ред во УФЦ, што е трет рекорд во натпреварувањето.