Милан за прв пат во историјата ќе има натпис на дресовите под броевите на играчите.
Вефокс и Милан потпишаа спонзорски договор и оваа германска компанија за дигитално осигурување ќе го краси задниот дел на дресовите на Милан. Компанијата во 2020 година имаше профит од 140 милиони долари, а дресовите на познатиот клуб ги избра за рекламирање во Италија.
Новиот спонзор на дресот ќе биде претставен на прес-конференција на Сан Сиро следниот петок пред натпреварот со Удинезе.
Во последната година и половина, извршниот директор Иван Газидис и главниот директор за приходи Каспер Стилсвиг склучија 26 соработки со меѓународни компании и забележаа пораст од 17 милиони во овој сектор во однос на претходното салдо.
Според „La Gazzetta dello Sport“, Вефокс, кој им се приклучува на Емирати, Пума и БитМекс, ќе плати меѓу пет и осум милиони евра за секоја година кога ќе се појави во дресот на „росонерите“.
Инаку, рекламирањето на грб е пракса во италијанските клубови, а Милан неодамна доби реклама на ракавот, а се работи за БитМекс.