Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откако вчера слободно пристигна во Австралија, од каде што беше депортиран на почетокот од годинава, веднаш стана инстант фаворит за триумф на првиот гренслем-турнир во 2023 година, Отвореното првенство на Австралија.
Светските медиуми, но и ескпертите, му даваат најголеми шанси токму на Ѓоковиќ за триумф на Отвореното првенство на Австралија. Доколку успее да слави, тоа би бил негов рекорден десетти триумф во Мелбурн.
Новак пред настапот на Отвореното првенство на Австралија што ќе се игра од 16 до 29 јануари, ќе се загрева со настапот на турнирот од АТ 250 серијата во Аделаида.
Веднаш зад Новак, втор фаворит за триумф е првиот тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкараз, а потоа следуваат играчите што играа во последното финале во Мелбурн, Рафаел Надал и Данил Медведев.
Мало изненадување е тоа што 15-тиот тенисер на светот Јаник Синер е петти фаворит пред домашниот тенисер Ник Кирјос. Меѓу десетте фаворити се наоѓаат уште и Феликс Оже-Алијасим, Стефанос Циципас и Холгер Руне.