Халанд во 13 минути даде два гола, прво во 51-та минута, а потоа во 64-та, благодарение на две асистенции на Џек Грилиш, па испиша историја зашто никој побрзо во историјата на англиското елитно друштво не успеал да дојде до 20 погодоци. И Халанд во оваа 2022 година има неверојатна статистика – 45 гола на 42 официјални мечеви. Само како надополнување дека е вистински ѕвер и машина за голови.
Норвежанецот летово дојде во англискиот првак и сега има 23 меча до крајот на сезоната да постави рекорд над рекордите и да ги урне досега недостижните 34 гола за најдобар стрелец, што значи дека му треба просек помалку од гол за да стигне до тој рекорд и да се промовира во голгетер со најмногу голови во една сезона во Премиерлигата.
Сити долго се мачеше да го скрши Лидс на „Иланд Роуд“, но успеа Родри во завршницата од првиот дел, па Халанд блесна набрзина за да ја заврши работата за победата и на домаќините им остана само преку Паскал Струјк да дадат почесен гол.
„Граѓаните“ со триумфот стигнаа до 11-та победа сезонава и со 35 бодови по 15 кола е на минус пет од лидерот Арсенал, додека Њукасл е два зад нив, но со меч повеќе. Лидс, пак, го запиша осмиот пораз и остана на 15 бода при самото дно, на 15-то место, само два повеќе од опасната зона.