Мбапе во 94-та минута изнуди пенал откако беше соборен во зицер позиција за гол за победа, а потоа ја презема одговорноста за да го изведе пеналот и реализираше за тешката победа со која ПСЖ сега има 44 бода, осум повеќе со меч повеќе од Ланс.
И сè тргна како подмачкано за ПСЖ после 14 минути откако бразилскиот тандем Нејмар – Маркињос донесе водство. Нејмар асистираше, Маркињос даде гол, но потоа двоецот за малку ќе беше трагичар на мечот. Посебно Нејмар, кој беше исклучен за глумење во обид да изнуди пенал, само минута ипол откако претходно доби прв жолт картон.
Нејмар беше исклучен во 63-та минута, 12 минути откако Маркињос си даде автогол за Стразбур да израмни, но не издржаа гостите на „Паркот на принцовите“ за да освојат бод.
Лион со 4-2 славеше во Брест за седма победа во Лига 1 и 24 бода на контото, па со осмото место сè уште не е предалеку од европските позиции, па и зоната за ЛШ.