Македонскиот репрезентативец Валон Етеми постигна еврогол за Истанбулспор против Касимпаша со кој израмни на 1:1 во 29-тата минута, а и погодокот и акцијата беа за десетка.
Македонскиот репрезентативец ги круниса одличните додавања на домашните играчи и кога топката дојде до него, си направи простор и откосо со прецизен и силен удар ја погоди пајажината во спротивниот агол на гостинскиот гол.
Погодокот на Етеми можете да го погледнете ОВДЕ.
Валон е топ-стрелец на Истанбулспор со 5 гола, а го дели 11-тото место на листата најдобри стрелци во Суперлигата на Турција.
Во 78 мин. Гултекин донесе водство од 2-1 за Истанбулспор.