Воената состојба во Украина имаше големо влијание и врз спортот, па веќе беа воведени различни санкции кон Русија и руските спортисти, а најнова „жртва“ може да биде возачот од Формула 1, Никита Мазепин, кој би можел да добие отказ поради инвазијата.
Неговиот тим Хас е блиску до одлуката, па Никита кој е син на рускиот милијардер Димитриј Мазепин, најверојатно нема да вози следната сезона во „најбрзиот циркус“ во светот.
Димитриј вложи многу пари во Хас, па затоа тимот мораше да го избере Никита како колега на Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер.
„Ситуацијата околу Никита мора да се реши што е можно побрзо. Вклучена е власта и претставниците на државата. Мора да видиме како ќе се развива ситуацијата во Украина. Тимот не е погоден, разговаравме со нив и им кажавме дека не мора да се грижат“, кажа директорот на Хас, Гинтер Штајнер.