Аранча Санчез Викарио, некогашниот прв играч на светот, е во големи финансиски проблеми.
Според Тенишед, таа се соочува со тужба која може да заврши со одлука за долгорочна затворска казна.
Должи 5,2 милиони евра на Банката на Луксембург на име даноци што никогаш не ги платила.
Порталот пренесува дека Аранча и нејзиниот сопруг Хосеп Сантана имале план да го заобиколат плаќањето на данокот на доход.
Се започна кога Аранка Санчез Викарио излезе во јавноста со приказната дека била изманипулирана и дека во текот на нејзината кариера родителите се грижеле за сите аспекти од нејзиниот живот, вклучувајќи ги и финансиите.
Инаку, Санчез Викарио на 18 декември го прослави својот 50-ти роденден.
Во својата блескава кариера, таа освои четири Грен слем титули, три на Ролан Гарос, 1989, 1994 и 1998 година, додека триумфираше на УС Опен во 1994 година.