Аргентинскиот ас Хулијан Алварез по само 40 секунди ја затресе мрежата на Флуминенсе, а „граѓаните“ водството го зголемија по ударот на Фоден, автогол си постигна Нино.
Манчестер Сити не запре тука, продолжи да атакува кон противничкиот гол и беше подобар тим на теренот. Се закануваа Џек Грилиш, Бернардо Силва и Фоден, но Флуминенсе успеваше да се одбрани. На вториот погодок се чекаше до 72. минута, а тогаш Фоден постигна погодок за (3-0). Фудбалерите на Пеп Гвардиола доминираа, не дозволија шанси пред својот гол и во финишот Хулиан Алварез само ја потврди победата.
Со оваа победа Манчестер Сити ги обедини трофеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Покрај тоа, „граѓаните“ ги бранат и титулите во Премиер лигата и ФА Купот.
Успехот на Манчестер Сити е уште поголем ако се знае дека на турнирот не играа Ерлинг Халанд, Џереми Доку и Кевин де Бруин. За најдобар фудбалер на финалето беше избран Родри.
Ал Ахли од Египет претходно ја надигра јапонска Урава со 4-2 во битката за третото место на турнирот.