Херој на вечерта беше англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој во финишот од првото полувреме со фантастичен шут од шеснаесетина метри го постигна злато вредниот гол за тимот од Лондон.
Натпреварот беше возбудлив со неколку солидни шанси и една ситуација на стартот од првото полувреме во која домаќинот бараше пенал, ама не го доби. Тотенхем со овој триумф остана на петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 36 бода, три помалку од Манчестер Јунајтед и Њукасл.