Добрата атмосфера во тимот ја расипа повредата на Кевин Дурент кој на мечот против Жешките стана 14-тиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.
Дурент со 26.684 поени го помина Доминик Вилкинс на листата на најдобри стрелци во НБА, а доколку повредата е од полесна природа и продолжи во ист поентерски ритам, тогаш до крајот на регуларниот дел од сезоната може да влезе и меѓу десетте најдобри поентери во историјата.
Засега не е познато колкава е тежината на повредата на коленото, кое го повреди во третата четвртина откако Џими Батлер падна на него.
До повредата Дурент имаше постигнато 17 поени, а прв стрелец на тимот беше Кајри Ирвинг со 29 поени. Мајами го предводеше Џими Батлер со 26 поени.Победничките поени за Бруклин на 3.2 секунди до крајот го постигна Ројс О’Нил.
Историска вечер имаше и Брадата. Џејмс Харден во победата на Филаделфија од 123:111 над Детроит, за само 18 минути поминати на паркетот оствари трипл-дабл од 20 поени, 11 скокови и 11 асистенции.
Без Лука Дончиќ кој не настапи поради повреда на скочниот зглоб, Далас маверикс е поразен од Оклахома сити тандерс со 120:109. Победничкиот тим го предводеа Шеј Гилџес-Александер со 33 поени и Лу Дорт со 18 поени, додека кај Далас најпрецизен беше Кристијан Вуд.
За разлика од Далас, Мемфис гризлис успеа да победи без својот најдобар играч Џа Морент. Мемфис со 123:118 ја совлада Јута џез благодарение на Дезмонд Бејн кој даде 24 поени.
Резултати: Детроит – Филаделфија 111:123, Мемфис – Јута 123:118, Мајами – Бруклин 101:102, Хјустон – Минесота 96:104, Оклахома сити – Далас 120:109, Феникс – Кливленд 98:112, ЛА Клиперс – Атланта 108:112.