Талентираниот плејмејкер веќе има сериозни понуди од Англија, Ливерпул и Манчестер Сити се подготвени да ја платат откупната клаузула од 50 милиони евра и да се обидат да го убедат да се пресели кај нив.
Ливерпул е во предност поради помалата конкуренција на позицијата на која игра Гави но од друга страна можноста да соработува со Гвардиола може да ги промени шансите на „Црвените“ во битката за супер талентот.
Гави со Барселона има договор до јуни 2023 година, а поради финансиската криза во која се „Каталонците“ можно е да бидат приморани и да прифатат пораз, односно продажба на овој талентиран играч