Аргентинската фудбалска репрезентација одигра пријателски меч во рамки на подготовките за Светското првенство (СП) во Катар, па така денеска ги распарчи Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 5-0.
Еден од кандидатите за трофејот на Мундијалот тргна фуриозно уште во првото полувреме, па постигна четири гола и тоа два преку Ди Марија, еден Алварез и еден на Меси, додека победата ја потврди Кореа во 60. минута од средбата.
Посебно може да се истакнат головите на Ди Марија и Меси, кои на фантастичен начин ја затресоа противничката мрежа и тоа од идентична позиција.