Германија славеше со 32-28 против Романија во последниот меч од главната фаза на Европското првенство (ЕП) за жени, додека Унгарија ја шокира Словенија со 29-25.
Романија имаше добар старт и водство од 3-0, а потоа и од 6-3, по што влегоа во криза, а тоа знаеја како да го искористат Германките кои со серија од 7-0 стигнаа до целосен пресврт (10-6).
Германија на паузата замина со 16-14, а нивната предност продолжи да расте и во вториот дел и достигна пет разлика (27-22) на средината од второто полувреме, по што немаа многу мака до крајот за да запишат триумф.
Најдобра во составот на Германија беше Штокшладер со 10 гола, додека кај Романија блесна Неагу со седум погодоци.
Германија ќе се надева на порази на Холандија и Шпанија за да останат на третото место во групата 2, кое ќе им обезбеди битка за петтото место на ЕП.
Унгарија, од друга страна, ја остави Словенија без шанса да се бори за највисок пласман откако ја шокира со 29-25.