Ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Пелистер во дербито од Супер машката лига откако на домашен терен успеаја да се изборат за триумф од 29:25.
Почетокот на средбата мина во израмнета игра во кое двете екипи се менуваа во водство од еден гол разлика и така беше се до 20 минута .
Вториот дел донесе игра во која вардарци се обидуваа да ја контролираа предноста обебедена во првото полувреме. Работите за нив одеа според она што го посакуваа бидејќи разликата постојано беше четири или повеќе голови.
Вардар имаше проблеми со пивотот Кушан, кој многу лесно доаѓаше до шанса за шут и ја користеше. Секељи бранеше многу подобро и запре три удри од седум метри што донесе простор за намалување на предноста на Вардар.
Иако „црвено-црните“ на моменти имаа и пет и шест разлика, најчесно беше плус четири. Во финишот Еурофарм Пелистер направи одлична серија со која намили на еден гол разлика 26:25 на пет минути до крајот . Потоа Филип Талески влезе во серија и со три последователни гола практично го реши победникот бидејќи на нешто повеќе од една минута до крајот резултатот беше 29:25. Тоа беше и конечен резултат на оваа средба.
Тимур Дибиров беше најефикасен на средбата со 10 постигнати гола , Филип Талески даде 5 гола за Вардар , додека во тимот на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Кушан и Мандалиниќ со по 5 гола .