Ракометарките на Холандија триумфираа со убедливи 42-25 во мечот против Црна Гора, која веќе обезбеди пласман во полуфинале на Европското првенство (ЕП) за жени и реши да ги одмори најдобрите во денешниот дуел.
Црна Гора, иако ослабена, успеа да ѝ парира на Холандија 20 минути од првото полувреме (11-12), по што Холанѓанките направија чекор напред и стигнаа до 21-15 на полувреме, а нивното водство продолжи да расте во вториот дел и достигна конечни 42-25.
Смитс беше најдобра кај Холандија со седум погодоци, додека Јауковиќ постигна 11 гола за Црна Гора.
Холандија се надева на триумф на Франција против Шпанија за да заигра за петтото место на ЕП со што ќе си обезбеди и пласман на следното Светско првенство (СП).
На вториот меч вечерва Шведска славеше со 31-27 против Хрватска.