Астон Вила им се врати на победите, иако со многу мака стигна до три бода против Барнли славејќи со 3-2. Бејли го отвори резултатот во 28.минута, но само две минути подоцна израмни Амдуни.
Астон Вила имаше предност по првиот дел со голот на Дијаби.
Шефилд Јунајтед од 55.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сандер Берге, но и покрај тоа стигна до ново израмнување со голот на Фостер. Сепак, Даглас Луиз од пенал во 89.минута донесе триумф за Астон Вила.
Кристал Палас го победи Брентфорд со 3-1, а Вулверхемтон со 3-0 триумфираше против Евертон.