Македонскиот репрезентативен фудбалер Ељиф Елмас е во идеалниот тим на годината од територијата на поранешна Југославија, составен од специјализираната фејсбук-страница за фудбалот од поранешните заеднички држави.
Формацијата на тимот е 4-4-2. На голот е Јан Облак (Словенија), во одбраната се Амар Дедиќ (БиХ), Стеван Савиќ (Црна Гора), Јошко Гвардиол (Хрватска) и Филип Костиќ (Србија). Во средниот ред се наоѓаат Ељиф Елмас (Македонија), Лука Модриќ (Хрватска), Матео Ковачиќ (Хрватска) и Марсело Брозовиќ (Хрватска). Во нападот се голгетерите Александар Митровиќ (Србија) и Един Џеко (БиХ).
Меѓу резервите се Столе Димитриевски (Македонија), Борна Соса (Хрватска), Јосип Станишиќ (Хрватска), Јосип Шутало (Хрватска), Амир Рахмани (Косово), Страхиња Павловиќ (Србија), Душан Тадиќ (Србија), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија), Иван Перишиќ (Хрватска), Бенџамин Шешко (Словенија) и Душан Влаховиќ (Србија).