Менаџерот на Кристијано Роналдо побрза во Манчестер да се сретне со својот играч, пишува Дејли Меил.
Португалецот наводно е многу незадоволен од тоа како се развиле работите по неговото враќање на „Олд Трафорд“, иако има постигнато 14 гола на 21 настап. Но, Јунајтед заостанува 22 бода зад водечкиот Манчестер Сити, не игра добро, а ниту новиот тренер Ралф Рангник не успеа да го размрда тимот.
Кристијано е многу загрижен за ситуацијата во Јунајтед.Тимот е под жестоки критики и тој е свесен дека важи за лидер на тој тим. Португалецот е под стрес бидејќи очајно сака неговото враќање во Јунајтед да биде целосно успешно. Борбата за трофеи ќе биде многу, многу тешка. Хорхе помина извесно време со него и разговараа за потенцијалните решенија. Ништо не е невозможно “, изјави извор на The Sun, цитиран од Daily Mail.
Англиските медиуми претходно објавија дека Роналдо наводно бил незадоволен од начинот на кој работел Ралф Рангник, кој отворено ги критикува играчите по лошите игри и вели дека се потребни големи промени во клубот. „Дејли Мирор“ објави дека Роналдо му рекол на раководството на клубот дека ќе си замине доколку не биде донесен „вистински“ тренер.