Шпански „Релево“ објави дека англискиот великан силно е заинтересиран за да го ангажира, особено што „кралевите“ го отпишаа за оваа сезона, а првиот човек Флорентино Перез на Карло Анчелоти му наредил да го стави на трибини, па сега во следните 48 часа се очекува официјална понуда и конечен договор.
Наводно за Асенсио се заинтересирани и уште други клубови од Англија и Италија, но најавите од Манчестер се дека понудата е најпривлечна, па офанзивниот фудбалер со две раце ќе ја прифати.
Шпанецот сезонава има вкупно осум минути во три меча и нема иднина во клубот. Манчестер јунајтед, пак, за 70 милиони евра минатата недела го купи Касемиро, еден од тројцата стартери во средниот ред на „кралевите“.