Србија експресно направи пресврт во натпреварот со Швајцарија (2-1), со погодоците на Александар Митровиќ во 26. минута и Душан Влаховиќ во 35 мин.
По еден центаршут на Душан Тадиќ од левата страна, најистурениот играч во нападот на српскиот национален тим покажа феноменална реакција со глава и ја затресе мрежата на директниот ривал во битката за второто место на табелата.
Девет минути по првиот погодок на Србите, меѓу стрелците се запиша втората напаѓачка ѕвезда Душан Влаховиќ. Играчот на Јувентус доби топка и откосо го матира противничкиот голман за голема српска радост.
Претходно, Швајцарија дојде до предност со голот на Џердан Шаќири. Ова е втор гол за Митровиќ против оваа селекција во историјата.
https://twitter.com/i6astv/status/1598759295377502208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598759295377502208%7Ctwgr%5E4aba0e4bf03d297b14a9aaaf3582aaaedcd16ba1%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fshakjiri-ja-strese-srbija-i-isprati-poraka-do-navivachite-videoНо во последната минута од полувремето Емболо донесе изедначување за голема радост на Швајцарците.
Се очекува пеколно второ плувреме.