Екипата на лондонски Арсенал оствари убедлива победа (3-0) против Борнмут и ја зголеми предноста на четири бода во однос на Манчестер Сити, кој игра вечерва, но во моментот има два натпревари помалку од „топчиите“.
Борнмут се држеше до пред крајот на првиот дел, кога беше досуден пенал за Арсенал. Букајо Сака беше сигурен реализатор и донесе водство за тимот на Микел Артета.
Во вториот дел, Ленардо Тросар зголеми на 2-0 во 70.минута, а Деклан Рајс во судиското продолжение го постави конечниот резултат.