Најдобриот играч на „принцовите” Килијан Мбапе призна дека бил вознемирен од однесувањето на навивачите на натпреварот со Бордо. Според Л’Екип, напаѓачот на ПСЖ е фрустриран од свирежите на навивачите кон Лионел Меси и Нејмар.
Мбапе е единствениот играч на ПСЖ чиј допир на топката за време на натпреварот против Бордо беше испратен со аплауз од страна на навивачите. И покрај ова, Килијан беше многу вознемирен од однесувањето на навивачите кон неговите соиграчи.
Французинот смета дека целиот тим загубил од Реал Мадрид, а не само неколку играчи. Тој потенцирал дека е срамно вака да се однесуваат кон големини како Меси и Нејмар.