Првиот финалист на Мастерс турнирот во Монте Карло е Алехандро Давидович Фокина.
Шпанецот во полуфиналниот меч во три сета беше подобар од Бугаринот Григор Димитров – 6:4, 6:7, 6:3.
Тој за ривал ќе го има победникот од дуелот меѓу бранителот на титулата Стефанос Циципас и Александар Зверев.
Два часа и 42 минути траеше натпреварот меѓу Давидовиќ Фокина и Димитров, 46. и 29. тенисер во светот.
Шпанецот, кој во второто коло на Монте Карло го елиминира првиот играч на светот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во своето прво АТП финале.
Мечот за титулата е закажан за в недела.