Фудбалерите на Брајтон го совладаа тимот на Тотенхем на гостински терен со 1:0, во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата.

Победата за Брајтон ја донесе Леонардо Тросард со гол во 90. минута.

Тотенхем и натаму е четврти на табелата со 57 бодови, односно има три бода повеќе од Арсенал кој има два меча помалку.

Од друга страна, Брајтон ја забележа деветтата победа од почетокот на првенството и моментално е десетти со 40 бодови.

Фудбалерите на Тотенхем во следното коло од Премиер лигата ќе гостуваат кај Брентфорд, додека Брајтон ќе гостува кај Манчестер Сити .

Standings provided by SofaScore LiveScore