Екипата на РБ Лајпциг одигра нерешено 2-2 на гости против Аугсбург, а може да жали што не постигна триумф со оглед дека Лоис Опенда не реализира пенал во 81.минута од дуелот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе како резерва во второто полувреме менувајќи го Дани Олмо во 68.минута.
Тиц донесе водство за Аугсбург, а израмни Опенда во 39.минута.
Бењамин Шешко во 52.минута постигна гол за пресврт, но сепак, Аугсбург дојде до бод со голот на Ермедин Демировиќ во 60.минута.
Ајнтрахт Франкфурт и Бохум одиграа 1-1, додека Хајденхајм славеше на гости против Вердер со 1-2.