На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува од 9-11 февруари во Тбилиси, Грузија, македонскиот репрезентативец во категоријата У21, борби до 84 кг. Витомир Трајковски се пласира во финале по победата над Халил Салиловиќ од БиХ со 2-1.
Претходно, Трајковски во првото коло го победи Лучиано Давиде од Италија со 3-2, во второто коло го победи претставникот од Албанија, Мелос Гаши со 1:0 и во третото коло го совлада независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6-1.
Пресметката за титулата ќе се одржи во текот на утрешниот ден против претставникот од Ерменија, Нерсисиан Гор.