Борусија Дортмунд го совлада Волфсбург со убедливи 6-1 и се доближи на шест бода негатива до лидерот Баерн на врвот на табелата во Бундес-лигата. Пет гола „милионерите“ постигнаа во првиот дел, а двоен стрелец на натпреварот беше Ерлинг Халанд. Пред него погодија и Роте, Витсел, Аканџи и Џан. Единствениот гол за Волфсбург беше дело на Боте Баку.
Херта оствари триумф (0-1) на гости против Аугсбург, со голот на Суат Сердар во 49.минута.
Фрајбург славеше против Бохум со 3-0, а Мајнц и Штутгарт ремизираа без голови.