Британецот на своето 16-то учество на „Флашинг медоуз“ го победи Франциско Серундоло од Аргентина со 7-5, 6-3 и 6-3. Медведев беше уште поубедлив и го совлада Стефан Козлов со 6-2, 6-4 и 6-0. Во второто коло првиот носител ќе се сретне со Артур Риндеркнех.
Првото коло успешно го минаа и Томи Пол, Џефри Џон Волф, кој го шокираше 16-тиот носител Роберто Баутиста Агут во три сета, а во втората рунда се пласираше и Алехандро Давидович Фокина.