Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за Би-Би-Си во кое зборуваше за ситуацијата во која се нашол, сагата по која беше депортиран од Австралија и на крајот испрати порака дека не се планира да се вакцинираат доколку тоа е услов, без разлика тоа би значело губење на трофеи за него.
На почетокот на интервјуто, Ѓоковиќ беше запрашан од новинар дали би бил подготвен да истрае на својот став за невакцинирање, дури и ако тоа значи дека не може да настапи на Грен слемовите, а тенисерот даде краток и Одлучен одговор: „Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам“.
Да потсетиме, Ѓоковиќ минатиот месец беше депортиран од Австралија по сагата која траеше повеќе од десет дена. Судот пресуди дека министерот за имиграција Алекс Хок има право да го депортира од Австралија бидејќи Ѓоковиќ е „опасен за јавното здравје на нацијата“ поради неговите ставови.
Ѓоковиќ и во ова интервју накратко ги коментираше овие наводи: „Никогаш не бев против вакцинација, бев вакциниран како момче, но секогаш ја поддржував слободата сами да одлучиме што да ставиме во нашето тело“.
Интервјуто обработуваше голем број теми и ги допре шпекулациите дека Ѓоковиќ намерно го темпираше својот позитивен тест за 16 декември 2021 година за да може да лета за Австралија и да настапи на Австралија опен веднаш по истекот на изолацијата.
Ѓоковиќ одговори дека се надева оти мерките за одредени турнири во иднина ќе бидат помалку рестриктивни и дека се надева дека уште долго ќе игра на големи турнири. Тој дополнително објасни зошто е подготвен да остане без трофеи поради вакцините.
„За мене принципите и правото да одлучам што ќе внесам во моето тело се многу поважни од која било титула или што било друго што носи резултати. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе“, изјави Ѓоковиќ.