Холанѓанецот одлично се држеше до шестиот гем на првиот сет, по што Ѓоковиќ почна да доминира на теренот и без многу мака го освои првиот сет со 6-3.
Србинот во вториот сет беше фантастичен на теренот, па Холанѓанецот го освои само воведниот гем, по што Ѓоковиќ врза шест гема по ред (6-1).
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде Карен Хачанов, кој претходно го совлада Марин Чилиќ.