Во моментите кога Хрватска заостануваше само два гола, чешките судии Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни Хорачек покажаа три исклучувања за само 12 секунди.
На теренот беше тотален хаос, во моментот кога мечот „кршеше“, главната улога ја презедоа судиите. И не дека чешката двојка Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни Хорачек се непознати. Поради некоја причина, „каубојите“ не им се драги .
А се започна во моментот кога Звонимир Срна доби две минути „ладење“, Хрватската клупа полуде по таа одлука. Поради бурната реакција и клупата доби две минути, а поради тоа уште еден играч мораше да ја напушти играта.
Но, тоа не беше крајот . Французите продолжија да напаѓаат, а Давид Мандиќ жестоко влезе во Махе. Да, Мандиќ тргна кон главата, изгледаше лошо, но не толку драматично. И тогаш почна хаосот на теренот, Никола Карабатиќ почна да ја дели правдата, викаше играчите, викаше по судиите, ситуацијата на теренот беше блиску до физичка пресметка.
Таму чешките судии ’кршеа’, Мандиќ најпрвин доби директен црвен картон, а откако ја погледнаа снимката му го покажаа синиот. Тоа значи дека дисциплинскиот судија ќе размислува за дополнителна казна за хрватскиот репрезентативец. Многу лесно може да се случи Мандиќ да го пропушти натпреварот против Србија .
Легендарниот капитен на Хрватската репрезентација Перо Метличиќ на свој начин за РТЛ ја прокоментира целата ситуација по натпреварот. И немаше милост кон судиите.
„Заслужена победа за Франција, но овие двајца кловнови, морам така да ги наречам, луѓето кои ги следат натпреварите, знаат дека ни судат исклучително лошо во последните неколку години. Точно, Мандиќ и Срна направија непотребни исклучувања, но… Што се однесува до нас, не беше добра играта, но момците се бореа до крај“, рече Метличиќ и уште еднаш ги прокоментира картоните што ги доби Мандиќ:
„Не знам што гледаше судијата, за што служи неговиот монитор! Тоа беше чист црвен картон, но не и син, на видеото можеше да се види дека нема фаул со лактот, го удри со рака… Исто така, во таа ситуација Французите требаше да бидат исклучени, Никола Карабатиќ налета на играчот и тој не доби ниту опомена, ниту две минути. Ништо!’