Победник беше тимот на Фросиноне кој на „Диего Марадона“ триумфираше со 4-0 што е најтежок пораз на Наполи на домашен терен од 1958 година кога со истиот резултат загуби од Лацио. Интересно е тоа што до 65. минута на семафорот стоеше 0-0, а две минути претходно Валтер Мацари во игра ги уфрли првите ѕвезди на екипата Кварацкелија и Осимен.
Место тоа да влијае на играта на Наполи, се случи спротивното. Баренечеа го донесе Фрозиноне во водство од 1-0, пет минути подоцна Казо зголеми, а во судиското продолжение погодија уште Кедира и Харуи за комплетирање на дебаклот на домаќините.
Во четвртфиналната фаза од Купот на Италија, Фросиноне ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Салернитана кои се среќаваат на 4 јануари во Торино.