Елиф Елмас со трансферот од Наполи во Лајпциг, го урна сопствениот рекорд, сега највисоката сума која некој ја платил за македонски фудбалер е 25 милиони евра.
Доцна синоќа беше постигнат договор меѓу Наполи и Лајпциг за трансфер на играчот за врска Елиф Елмас вреден 25 милиони евра. Овој трансфер е историски бидејќи е најголем за играч од Македонија.
Елмас и претходно го држеше рекордот за најскап македонски фудбалер, досега сумата беше 16,2 милиони евра колку што плати Наполи кога го купи од Фенербахче.
Трет најскап трансфер на Македонец е на Дарко Панчев кога во 1992 година од Црвена звезда замина во Интер. Тогаш нероазурите за македонската „кобра“ платија сума која префрлена во денешни евра изнесува околу 12 милиони евра.
Најголемите пет трансфери на македонски фудбалери ги комплетира Горан Пандев. На четврто место е трансферот од Интер во Лацио за 8 милиони евра, а петти е неговиот премин од Интер во Наполи за 7,5 милиони евра.
Топ пет најскапи трансфери на македонски фудбалери:
1. Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг – 25 милиони евра
2. Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи – 16,2 милиони евра
3. Дарко Панчев од Црвена звезда во Интер – 12 милиони евра
4. Горан Пандев од Интер во Лацио – 8 милиони евра
5. Горан Пандев од Интер во Наполи – 7,5 милиони евра