Белградски Партизан ја има најдолгата победничка низа во Евролигата која изнесува пет триумфи.
Петтата победа по ред, „црно-белите“ ја постигнаа на гости кај Валенсија со одлична одбрана каде победија со 72-67. Постигнатите 72 поена се најслаб офанзивен ефект на Партизан оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува. Сепак, за разлика од другите натпревари, сега проработе одбраната, па кризата во нападот не се почувствува во однос на крајниот резултат,
Победата на Партизан е апсолутно заслужена ако се знае дека гостите водеа речиси цел натпревар, со исклучок на неколку минути пред крајот на втората четвртина. Се останато беше во знакот на Партизан кои во последниот квартал имаа и +11, но победникот го реши со неколку тројки во последните минути.
Ова беше и вкупно деветта победа на Партизан по ред, сметајќи ги натпреварите и во АБА лигата. Ледеј и Нанели со по 14 поени беа најефикасни кај „црно-белите“, исто колку што постигна и Џонс кај Валенсија.