„Јирген Клоп дојде на Островот пред шест години и кога ќе го погледнете тимот што го наследи, тој заврши на осмото место таа сезона, што е приближно на позицијата на која се наоѓаме сега. Сепак, во секој преоден рок потоа тие го создаваа тимот што го имаат. Не барам изговори, но погледнете на кој тим можат да сметаат, некои од врвните играчи, а ги немаше вечерва Фирмино, Окслејд-Чембрлен, Минамино, Елиот… Тоа покажува каков квалитетен тим тие создадоа и не е само прашање на квалитетни играчи туку и на менталитетот што го изградија. Тоа е второ ниво. Имаат подобри играчи од нас и тоа се одразува на резултатот. Тоа е ужасно понижувачко, но само треба да признаеме дека се подобри од нас”, изјави Ралф Рангник.