Пари Сен Жермен немаше проблеми на гостински терен кај Анже и славеше со 2-4. За само едно полувреме „светците“ ја завршија работата и поведоа со 0-4, а во финишот од мечот се опуштија и примија два гола.
Ли Канг-Ин беше стрелец на првите два гола, во 17. и во 20.минута, а потоа голгетерската улога ја презеде Бредли Баркола. Тој погоди во 31. и во 45.минута.
Анже во финишот постигна два гола преку Лепол и Блумија.