Енис Барди во голем стил се врати на терените во Ла Лига по повредата. Заигра во стартниот состав на Леванте и постигна два гола за Леванте во ремито (2-2) против шпанскиот првак Атлетико Мадрид. На крајот беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот.
Барди двапати од пенал го надмудри еден од најдобрите голмани во шпанското првенство и во Европа, Јан Облак.
Антоан Гризман во 12.минута го отвори резултатот, а Енис Барди во 37.минута успеа да израмни од белата точка.
Во вториот дел, Матеус Куња во 76.минута донесе нова предност за гостите, но Енис Барди, повторно израмни од пенал, во 90.минута. Мечот имаше повеќе од осум минути судиско продолжение, но Леванте освои бод.
ВИДЕО