На фудбалерите на Наполи им требаа само 18 минути да ја „начнат“ мрежата на Болоња во вечерашниот дуел на домашен терен од 10. коло од Серија А против Болоња, откако брзо поведоа со прекрасниот гол на Фабиан Руиз.

Шпанецот маестрално ја казни грешката на противничката одбрана, која не го издржа пеколниот пресинг на наполитанците. Улогата на асистент ја имаше нашиот Елиф Елмас, кој умешно, „на прва“ само ја прфрли топката до Руиз кој стрелаше маестрално прецизно.

Наполи во овој меч влезе како огромен фаворит, а брка победа со која повторно би се изедначил со Милан на врвот од табелата во Серија А.